Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Владата уште малку ќе почне да вработува преку гладијаторски игри на арената Филип Втори

СДСМ: Владата уште малку ќе почне да вработува преку гладијаторски игри на арената Филип Втори
Со денешното јавно извлекување на 1.600 лица за работа во државни институции, Владата го руши достоинството на невработените, на оние со низок животен стандард или оние што живеат на дното, изјави Петар Атанасов од СДСМ. - Навистина е деградирачки да се пријавите и да очекувате некаква среќа да ви подели работно место. Се надевам оваа идеја нема да ѝ падне на памет на владата да ја спроведе, на пример, да организира гладијаторски игри на арената Филип Втори и од 2.000 до 3.000 луѓе, оние што ќе преживеат да добијат вработување и станови. Тажно изгледаат овие проекти на Владата – Субрата Рој, лотарија за вработување и она што како игри и леб му го нудат на народот – вели Атанасов. Тој додава дека администрацијата е веќе пребукирана, преоптоварена и има кадри кои можеби на некој друг начин би можеле да го решат тој проблем.  
Слично

Поврзани вести