СДСМ: Владата ги плаќала гласовите на малцинствата
Македонската опозиција тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ги плаќал гласовите во Куманово на локалните избори во 2013.
СДСМ во Куманово објави снимки од наводни телефонски разговори за изборните нерегуларности на власта за време на локалните избори во 2013 година.
Во наводните разговори, се слуша како министерката на полицијата се договара со други функционери да делат пари на помали етнички заедници за време на кампаеата.
Наводно, се слуша како се користат списоци на воени резервисти, како би ги контактирале и барале да гласаат за владеачката партија.
Во разговорите се слуша и како се договара стратегија која ќе ја ослабне структурата на опозицијата и ќе ги преземат нивните гласови.
Општина Куманово е една од неколкуте локални нивоа на власта во Македонија во која ВМРО ДПМНЕ не победи во 2013. Инаку тие владеат со две третини од општините во земјата.
„Соработувале со бандити“
„За време на изборите полицијата работела за партиски цели на ВМРО ДПМНЕ. Делеле огромни суми пари во кеш. Власта соработувала како сама што кажува со „бандити“ а опозицијата ја опструирале за време на изборниот процес. Целта им била по секој случај да ја освојат локалната власт во Куманово“, истакна Мартин Костовски од СДСМ Куманово.
СДСМ вчера објави нови снимки од наводно прислушкувани разговори од високи државни функционери.
Владеачката ВМРО-ДМПНЕ тврди дека снимките се монтирани, и дека Заев е под контрола на странски служби.
