СДСМ: Владата да ги објави деталите од Договорот за гасификација
Владата да ги објави деталите од Договорот меѓу Владите на Македонија и Руската Федерација за Јужниот тек што беше потпишан минатата недела, побараа денеска од СДСМ.
- Согласно која физибилити студија ќе се гради гасоводот? Која е трасата по која ќе минува гасоводот низ Македонија и кои градови ќе бидат опфатени со гасификацијата? Кога очекува Владата Македонија целосно да биде гасифицирана? - праша потпретседателот на партијата, Дамјан Манчевски.
Тој потсети дека Владата изминативе години во неколку наврати го најавувала овој проект, но од тоа немало ништо.
- Заменик-премиерот Зоран Ставрески на почетокот на 2007 година најави дека Владата потпишала Договор со руската Влада за порамнување на Клириншкиот долг и дека работни тимови на двете земји ќе работат заедно на проектот за гасификација на Македонија. Потоа најави дека изградбата на гасоводот ќе почне во ноември 2007 година. Само неколку месеци подоцна Ставрески вели дека изградбата ќе почне на пролет 2008 година, а потоа дека Македонија ќе се гасифицира најдоцна до 2010 година. Во 2010 година премиерот Груевски изјавува дека гасификацијата ќе почне во 2011 година, а во јули 2012 година не уверуваше дека изградбата на гасоводот ќе започне на крајот на 2012 година - посочи Манчевски.
Слично
