СДСМ ветува минимална плата за текстилците од 16 000 денари
Опозициската партија во својата изборна кампања фокусот го става и на најслабо платената категорија граѓани-текстилни работници.
Од партијата на Заев најавуваат промени во Законот за работни односи и покачување на минималната плата почнувајќи од 12 000 денари во првите четири месеци на мандатот па до 16 000 денари до крајот на мандатот.
Текстилните работници може да се каже дека се едни од најслабо платените работници во земјава со плата под минималната.
Во овој сектор платите се движат од 7000 денари па нагоре, се во зависност од фирмата.
Не треба да не изненадува ни фактот што токму овој сектор годинава бележи нула запишани ученици во средно текстилно училиште .
Тоа укажува на проблем со кој во иднина може да се соочи текстилството а дека младите нема да сакаат да работат во фабрики и конфекции покажаа и последните податоци на Статистика.
