Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ вети студентски дом за Штип. Кој ќе го гради?

СДСМ вети студентски дом за Штип. Кој ќе го гради?
Власта и опозицијата се скараат за изградба на студентски дом во Штип каде е сместен државниот универзитет „Гоце Делчев“. СДСМ најави дека по изборите до 2017-та ќе изгради нов и современ студентски дом за потребите на сите студенти и средношколци, додека пак од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија за лажна грижа и дека всушност тие веќе имаат проект за изградба. „И по 9 години од формирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ власта нема решение за сместувањето на студентите. Груевски и повеќе министри за образование со години зборуваат и ветуваат изградба на студентски град во Штип. Од ветувањата нема ништо. Секојдневието на над 200 студенти и средношколци од регионот кои живеат во Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ се мувлосани ѕидови, стар и искршен инвентар, санитарни јазли под секој стандард, студ и еднолична храна. Ве уверуваме, по 11 декември промените ќе се случат. Студентите од штипскиот универзитет ќе добијат нов студентски дом“ изјави Петар Атанасов од СДСМ. Без оглед на политичките препукување барем доброто нешто е што сега кој и да ја освои власта на следните избори ќе мора да изгради нов студентски дом во Штип.
Слично

Поврзани вести