Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ вети итно покачување на минималецот за најпогодените вработени

СДСМ вети итно покачување на минималецот за најпогодените вработени
СДСМ ја продолжува својата кампања за зголемување на минималната плата во Македонија која треба да се зголеми од сегашните просечни 9000 на 12000 денари и таа да важи и во најслабоплатените сектори во индустријата каде работниците се и под „минималецот“ бидејќи законот за нив за плата од 10.800 денари се уште не важи.
„Оваа минимална плата ќе важи и за вработените во индустријата за текстил, облека и кожа, кои со години се законски обесправени и земаат пониска минимална плата од останатите. А, ова се работниците со најниски плати во Македонија и на нив најмногу им треба минималната плата, ќе ја исправиме оваа социјалната неправда! Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги понижи работниците, фалејќи се низ светот со евтина работна сила, додека тие се борат за опстанок со мизерните плати. Нема да дозволиме повеќе такво газење врз работничкото достоинство“, рече Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и член на ИО на СДСМ.
Предвидено е и компаниите да добијат државна помош додека се прилагодат на новите мерки, па за да нема отуштања на вработени во првата година државата на работодавачите ќе им надомести по 1.900 денари за исплатена бруто минимална плата во индустријата за текстил, облека и кожа. Исто така СДСМ вети и скалесто покачување на минималната плата која до 2020-та треба да достигне 16.000 денари.
Слично

Поврзани вести