Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Ветерниот парк на „Алказар“ се гради за да биде продаден

СДСМ: Ветерниот парк на „Алказар“ се гради за да биде продаден

Од СДСМ веруваат дека големата инвестиција на „Алказар енерџи“ што започна со изградба на ветерниот парк во Штип, всушност е проект кој ќе биде потоа продаден на друг инвеститор.
„Наместо да се искористи за стабилизирање на енергетскиот систем и поевтина струја за граѓаните и компаниите, македонскиот ветер ќе полни приватни џебови.

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика.

Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција - фактите говорат нешто сосема поинаку.

Моделот на „Алказар Енерџи“ е јасен: развиј, изгради и продади.

Токму тоа се случи со нивниот прв фонд – проектите развиени на Блискиот Исток беа продадени 100% на кинески државен конзорциум.

Па прашањето не е дали ветерниот парк ќе биде продаден, туку кога и на кого.

Зошто бизнис модел кој се темели на продажба се претставува како долгорочно стратешко партнерство?“, реагираат од опозициската партија.

Од таму додаваат дека е спорно дали проектот има одобрение за градба.

„Случајот Алказар Енерџи отвора и серија прашање за тоа дали има одобрение за градба на овој ветерен парк или не?

СДСМ бара јавно да се објави органот кој го издал одобрението за градба и кога истото станало правосилно ако воопшто го има.

Поради временската рамка и законските рокови отворени се сомнежите за нетранспарентност и можно кршење на законите“, соопшти СДСМ:


Слично

Поврзани вести