Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ вели дека има мнозинство за да ја зголеми минималната плата

СДСМ вели дека има мнозинство за да ја зголеми минималната плата

Пратеничката од владејачката партија Даниела Николова на прес-конференција пред партиското седиште денеска рече дека СДСМ има парламентарно мнозинство за да ја зголеми минималната плата на 18.000 денари и да се изгласаат законите со кои недела ќе биде неработен ден.

-Во истиот период ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 15.400 денари. Ќе ја зголемиме  и на 18.000 денари. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се обврза и ќе обезбеди донесување на измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто. Работниците и синдикатите се во право кога бараат деблокирање на законите кои се во интерес на работниците, рече Николова.

Таа ја повика опозицијата да не го блокира донесувањето на измените на Законот за работни односи и на други  законски решенија во интерес на работниците.  Вели дека парламентарното мнозинство ќе обезбеди недела да биде работен ден.

-Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени. СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците, и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, додаде Николова.

Премиерот Зоран Заев во предизборниот период најави дека минималната плата ќе се зголемува на 18.000 денари до крајот на годината.

Слично

Поврзани вести