СДСМ ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА: На избори нема да одат, но што понатаму?!
Најголемата опозициска партија СДСМ вечрва го одржува Централниот одбор на партијата на кој ќе се расправа за идните чекори кои ќе бидат преземени од нивна страна.
Треба да донесат одлука дали ќе го напуштат Собранието, дали ќе учествуваат во работата на работните групи и дали министрите Фросина Ременски и Оливер Спасовски ќе ја напуштат техничката влада.
Според извори од партијата и вчерашната изјава на Шилегов опозицијата ќе ја потврди одлуката дека нема одат на избори.
Досега многупати од партијата на Заев потенцираа дека бараат кредибилни фер избори со прочистен Избирачки список.
Но, политичката криза се заплетка уште повеќе откако владеачката коалиција без опозицијата го распушти Парламентот и избра премиер на техничката влада, и покрај притисоците на Брисел да се исполнат сите точки од договорот од Пржино.
Опозициската СДСМ пред почетокот на точката за одлуката за распуштање на праламентот, го напушти законодавниот дом откако пратеникот Горан Сугарески процедурално се обрати:
“По 10 години граѓаните го дочекаа денот на паѓањето на главата на овој режим. Никола ти не си Македонија. Граѓаните на Македонија освен фамилијата на Никола Груевски немаат корист од одржување на избори без претходно навремено прочистување на Избирачкиот список и без навремена регулација за слободни медиуми. Непрочистениот Избирачки список и медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа. Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино“ – рече во своето обраќање Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ.
Кои ќе бидат следните потези на опозиционерот Заев останува да ја дочекаме одлуката откако ќе ја соопштат.
