Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Уставот е јасен: Не се дозволува поттикнување национална омраза и нетрпеливост!

СДСМ: Уставот е јасен: Не се дозволува поттикнување национална омраза и нетрпеливост!

Министерството за внатрешни работи казнува возачи со 100 евра за кал на гумите, казнува родители со 250 евра доколку дете вози велосипед на улица, а со казни од 200 поминаа граѓаните кои дивееа по улиците низ земјава, по фудбалскиот натпревар во Белград, се вели во соопштението на опозицијата.

Уставот е јасен: не е дозволено поттикнување национална омраза и нетрпелливост, реагираат од СДСМ.

-МВР со молкот и непостапувањето согласно надлежностите произлегува дека тоа го дозволува. МВР е должна да го штити уставниот поредок и почитувањето на законите, посочуваат во соопштението објавено на официјалната страна на СДСМ.

СДСМ бара, сите прекршители веднаш да бидат санкционирани, согласно законските одредби за ваков вид однесување а МВР да постапи согласно надлежностите.

Слично

Поврзани вести