Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Укинување на радиодифузна такса е од интерес за сите граѓани!

СДСМ: Укинување на радиодифузна такса е од интерес за сите граѓани!

Од опозициската партија и денеска посочуваат дека е неправедно граѓаните да плаќаат даноци за да го полнат буџетот образложувајќи дека „дополнително се плаќа Радиодифузна такса за финансирање на партиско гласило во што е претворена МРТВ“.

Од СДСМ велат дека од интерес за сите граѓани е да се укине плаќањето на радиодифузната такса, укажувајќи на се почестото блокирање на десетици илјади хграѓани и фирми токму поради таксата.

 Истакнуваат дека тоа презивикува дополнителни проблеми, малтретирања, хаос со наплатата и нови трошоци од кои граѓаните треба под итно да се ослободат.

Реформите во медиумите се една од клучните точки во договорот од Пржино и еден од главните услови за слободни, фер и демократски избори, велат од партијата на Заев истакнувајќи ја потребата од одржливо финансирање на МРТВ од буџетот .

Неспроведените реформи за слободни медиуми, покрај прочистувањето на избирачкиот список, беше клучна причина за одложување на изборите на 24-ти април.

Слично

Поврзани вести