Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ тврди – субвенции не се исплаќаат, ВМРО-ДПМНЕ објаснува со изборите

СДСМ тврди – субвенции не се исплаќаат, ВМРО-ДПМНЕ објаснува со изборите
Власта се уште ги нема исплатено земјоделските субвенции за 2012 и 2013 година, иако законскиот рок за тоа е поминат, тврди опозициската СДСМ. Дополнително, во предлог Буџетот за 2015 година Владата ја намалува сумата за субвенции за над 2 милиони евра, реагираат од партијата. „Тутунарите не само што ги немаат добиено ланските субвенции туку Власта нема решение ниту за проблемот што токму таа го создаде, а тоа е вишокот тутун. И сточарите се оставени сами на себе. Болеста „Син јазик“ зафати околу 30.000 животни од кои 7.000 угинаа. Токму поради неагилноста на институциите сточарите се уште претрпуваат штета во своите стада. Мерките на Владата се задоцнети а не се исплатени ниту обврските кон сточарите за изминатите 2 години“, вели Татјана Прентовиќ, претседателка на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ. Според социјалдемократите, ваквиот однос им задава многу маки на земјоделците, кои се соочени со се поголеми трошоци. „Цените на ѓубривата, семенскиот материјал и нафтата се значително зголемени а животниот стандард на земјоделците е во постојан пад. Речиси кај сите земјоделски гранки е забележливо намалување на посеаните површини што ќе значи и пад на произвдството. Како резултат на погрешната аграрна политика годишно се намалуваат над 7.500 хектари земјоделска површина а наводнуваните површини се намалени за 36%. Иселувањето од руралните средини продолжува“, вели Прентовиќ. Во реакција на пресконференцијата, ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека за субвенциите во 2013 година имало дисконтинуитет, поради изборниот процес со кој било забрането да се исплаќаат, додека оние за 2012 година се исплатени. „Потсетуваме дека исплатата на субвенциите за тутун започна веднаш после откупот и за оваа намена до сега се исплатени над 1,6 милијарди денари за произведен и продаден тутун од реколта од 2013 година.Наскоро ќе започне исплатата за површини со поледелски култури и се совпаѓа со времето на извршување на есенската сеидба“, се вели во соопштението на владејачката партија.
Слично

Поврзани вести