СДСМ тврди едно, Кардиологија друго: Има ли доволно антибиотици на Клиниката?
Денеска од опозициската СДСМ обвинија дека Клиниката на Кардиологија останала само со еден антибиотик со кој се лечат сите пациенти, и оттаму го повикаа Министерот Тодоров да каже зошто Клиниката е оставена во таква состојба.
Од СДСМ повикувајќи се на информации од лекари на Клиниката за кардиологија тврдат дека таму во моментов има само еден антибиотик што им го даваат на сите пациенти кои се болнички згрижени напоменувајќи дека лекарите стравувале дека со вакво лекување може да им се лучи нешто лошо на оперираните пациенти, за кои тие одговараат.
Бидејки има само еден антибиотик, тие биле приморани да им ја сменат терапијата на пациентите и да го даваат истиот лек на сите, посочуваат од СДСМ.
„На Кардиологија веќе два месеца немало дури 70 проценти од потребниот медицински материјал за лекување и третман на пациентите. Недостигаат и лекови за крвен притисок, што пациентите морале да си ги купуваа сами. Пациентите се приморани да си купуваат сами дури и батерии за холтерите за ритмии“, обвини опозицијата.
На овие обвинувања со реакција се јавија од Клиниката, од каде што ги демантираат овие тврдења на опозицијата и тврдат дека во секој момент на клиниката има најмалку три типа на антибиотии со широк спектар за парентарална употреба и повеќе од пет типа антибиотици за пероорална употреба.
Велат да не ја мешаат политиката во здравството и да не водат на кампањи со фрлање дамка врз професионалното работење на Клиниката за кардиологија не е во интерес на пациентите.
„За повеќето од пациентите со срцеви заболувања не се потребни антибиотици во третман. Со оглед на тоа што на клиниката се случува да лежат и пациенти со придружни заболувања за кои има потреба од антибиотски третман истите во почеток се покриваат со антибиотик од широк спектар“, стои во соопштението на ЈЗУ Клиниката за кардиологија.
Посочуваат дека ако се работи за пациенти со воспалителни срцеви заболувања, лекувањето со антибиотици оди според антибиограм, односно, се лекуваат со антибиотикот кој е најефикасен за нивната болест .
Напоменуваат дека капацитетот на работа на клиниката воопшто не е намален, напротив, клинката работи 24 часа, со полн капацитет, како со закажаните пациенти, така и со итните случаи.
Од Клиниката велат дека имаат склучено договор со надворешна фирма која во договорени временски интервали врши генерално чистење на клиниката, а секојдневното тековно чистење го извршуваат хигиеничари вработени во клиниката а дека ниту еден пациент не останал без потребната грижа и терапија.
