Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ тврди дека ПИОМ е пред банкрот-бараат одговорност!

СДСМ тврди дека ПИОМ е пред банкрот-бараат одговорност!

Од опозициската СДСМ обвинија дека ПИОМ е пред банкрот.

Од паријата на Заев бараат одговорност, за, како што велат грабежот на приватните пензиски фондови.

Оттаму  посочуваат дека  половина од пензиите во Македонија се исплаќаат на товар на Буџетот затоа што фондот на ПИОМ е пред банкрот а за исплата на пензиите секоја недела Груевски и Ставрески постојано и постојано ги задолжуваат граѓаните со нови долгови.

„Лошата состојба е надградена и проширена со невиден грабеж на приватните пензиски фондови, и тоа со знаење на Груевски и Ставрески, што е кривично дело“, велат од СДСМ, потенцирајќи дека директорите на ПИОМ и МАПАС, како и вицепремиерот Ставрески ќе се соочат со кривична одговорност од стотици илјади осигуреници од приватните фондови доколку Јавното обвинителство не реагира.

Слично

Поврзани вести