Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ тврди дека Богов ги потврдил нивни тврдења за јавниот долг

СДСМ тврди дека Богов ги потврдил нивни тврдења за јавниот долг

„Богов призна, јавниот долг е колку што тврди СДСМ“, посочија денеска од партијата на Зоран Заев.

Тие се повикуваат на интервјуто на гувернерот за како што посочуваат партиска телевизија, во кое Богов соопштил дека со издавањето на евообврзницата, во моментов јавниот долг изнесува 50 проценти од БДП.

За опозицијата овие признавања се директна потврда на нивните тврдења, и велат дека токму со тоа Богов ги разобличил манипулациите на Миновски кој ден претходно на Веб страницата на Министерството објави намалување на јавниот долг.

СДСМ уште дополнува дека со новата издадена еврообврзница јавиот долг се качил на историски највисокото ниво, потенцирајчи дека сите што го одобрија издавањето, на според нив, незаконска еврообврзница ќе одговараат.

 

Слично

Поврзани вести