СДСМ: Целата јавност слушна како се местат избори!
„Целата јавност се увери како Никола Груевски и неколкумина негови блиски соработници местат и крадат избори. Преку криминали со издавања фалсификат лични документи, преку казни во илјадници евра на фирми, такси компании, преку притисоци врз земјоделците, администрацијата, наставниците, врз најранливата категорија граѓани – социјално загрозените… Јавноста беше сведок како лично Никола Груевски нарачува правење „што повеќе неважечки ливчиња“ и проценува дека со „овие преспанциве“ ќе завршеле работа“, се вели во реакцијата на СДСМ, на денешната изјава на Никола Груевски.
„Како Гордана Јанкулоска признава дека за избори им биле потребни по 50 луѓе од Пустец сместени во станови од по 40 квадрати. Како ќе ги изнесувале Ромите „за уши“ да гласаат.
Како Миле Јанакиески прави упад во Прилеп и нарачува казни за фирмите, такси компаниите, и шерифски бара одземање на лиценци на такси комапнии, блокирање на телефонски броеви, притисоци кон вработени. Како за време на избори МВР е претворено во Месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Како се договара понуштување на гласови. Како Протуѓер се заканува дека цело семејство ќе заврши „во ендек“. Затоа денеска Груевски сака да зборува за фатаморгана“, реагираат од опозицијата.
Креатротот на сите овие изборни манипулации, местенки и злоупотреби, Никола Груевски, е уплашен од сенката на сопствените изборни грабежи“, велат од СДСМ.
