Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Трајановски да си поднесе оставка поради неспособност да се справи со поплавите

СДСМ: Трајановски да си поднесе оставка поради неспособност да се справи со поплавите

Опозициската партија побара градоначалникот на град Скопје да си поднесе оставка.

Причина за ваквото барање, според СДСМ се катастрофалните последици и жртви кои загинаа во невремето на 6 август.

„Непревземање мерки за заштита пред поплавите и недостаток на инвестициии во инфраструктура, Целосно погрешното дејствување за време на поплавата, и Тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата, се причини Трајановски да си поднесе оставка веднаш, побара Дамјан Манчевски во име на СДСМ.

Тој дополнува дека Коце Трајановски знаел дека постои План за заштита и спасување уште од 2010 година во кој Скопје е означено како „простор со висок степен на загрозеност од елементарни непогоди, особено одпоплави“.Знаел дека мора да го заштити градот од поплави од такви врнежи, но не го направил тоа. „Коце Трајановски знаел за опасноста од невреме. За тоа информирале метео-порталите уште во еден часот попладне. Наместо за тоа да ги предупреди граѓаните и да го вклучи алармот во градот, тој отворал турнир во мал фудбал, знаел дека има човечки жртви, дека има излевање на акумулација и огромна надојдувачка вода и дека е потребна брза евакуација на населението и затворање на обиколницата. Но, не направи ништо од ова. Напротив, со своите погрешни команди дополнително го зголеми ризикот за граѓаните. Трајановски знае дека е потребна итна пренамена на милионите евра од Тркалото на лудоста и од другите луди проекти на Никола Груевски за да може да се справи со последиците и нормализирање на животот во погодените подрачја и за изградба на СИСТЕМ кој ќе спречи ова да се повтори, но не превзема ништо“, обвинува Манчевски. Од партијата на Зоран Заев побараа  соодветна парична помош за настраданите за да може да се создадат минимални услови за живот. Потенцираат дека на  семејствата им требаат пари итно, аим требаат и  чиста вода, храна, облека, училишен прибор за децата, основни работи. Затоа апелираат до надлежните Парите од панорамското тркало веднаш да се пренаменат за итна помош на настраданите, во вредност од 90 илјади денари по домаќинство.  
Слично

Поврзани вести