Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: ТИРЗ во Делчево е уште една празна ливада на Груевски

СДСМ: ТИРЗ во Делчево е уште една празна ливада на Груевски

Лани во мај беше поставен камен темелник на технолошко-индустриска развојна зона во Делчево која Владата ја најави уште во 2013.

На истото место после неколку месеци може да се видат само празни ливади кои се пасишта за добитокот на жителите на ова мало градче кои живеат во близина на зоната.

tirz

За оваа техолошка зона од опозицијата денеска велат дека е уште една манипулација на премиерот Груевски.

„Денеска, после цели три години од најавата за изградба, наместо индустриска зона зјае празна ливада.Освен дупката од фрлената лопата на манипулаторот Никола Груевски, нема ништо друго, ниту индустриска зона, ниту фабрики, ниту нови работни места“, велат од партијата на Заев.

Додаваат дека оваа празна ливада е уште еден симбол на лажните, неостварени, виртуелни инвестиции на Груевски и неговите “дил ориентед” политики посочувајќи дека досега премиерот ветил а нереализирак вработувања на 34.695 граѓани.

„Невработеноста се зголемува а младите, високо образование луѓе ја напушаат Македонија, го напуштаат и Делчево. Поради катастрофалните политики на Никола Груевски  626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе“, додаваат од СДСМ.

Проклетството на македонските бизнисмени или успешен проект за иднината се ТИРЗ?

За домашните инвеститори слободните економски зони, кои важат за бесцарински територии, ослободени од давачки и придонеси по различни основи, треба да се отворат и за домашниот капитал.

“Јасно е дека сега имаме состојба на дискриминација на домашниот бизнис кога зборуваме за Слободните економски зони. Тетовската зона е прва која функционира по принципот на јавно-приватно партнерство и затоа сметам дека таа треба да се отвори и за влез на домашни компании“ – изјави неодамна за “Фактор“ Мендерес Кучи, прв човек на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Поволностите што Македонија ги нуди преку Слободните економски зони се клучниот владин адут кога преговара со инвеститорите.

“Бенефициите за странските инвеститори се оние кои тие ексклузивно ги добиваат, додека евтина работна сила и даночни поволности се олеснувања кои важат за сите, и странски и домашни инвеститори. Во поглед на извозот и увозот, евидентно е дека т.н. додадена вредност во нашата економија се сведува само на додадената работна рака. Тоа и не е толку лошо, имајќи предвид дека тие фабрики ќе го вработат контингентот на невработена работна сила во нашата економија“ – објасни неодамна за Фактор професорот Марјан Петрески.

“Меѓутоа, прашањето е зошто не се привлекуваат странски инвеститори во дејности кои може да ги опслужува домашната економија, а такви се прехранбената, млечната, конзервната, металопреработувачката индустрија.

Слично

Поврзани вести