Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Струјата не мораше да поскапи!

СДСМ: Струјата не мораше да поскапи!
Поскапувањето на струјата можеше да биде избегнато, смета опозицискиот СДСМ. Партијата денеска реагираше на серијата поскапувања со кои се соочуваат македонските граѓани од денеска. Поскапувањето на електричната енергија, верижно може да донесе раст и на другите цени, смета потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски. „Владата сака да прикаже дека поскапувањето на струјата е минимално и дека можело да биде поголемо по делумната либерализација на пазарот. СДСМ тврди дека не е потребна корекција за 3,47% на цената на струјата, имајќи ги во предвид следните факти: Во периодот од 2007 до 2013, просечното годишно производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ е намалено за 7,57% во однос на периодот од 2003 до 2006 година. Во периодот од 2007 до 2013, просечниот годишен увоз на електрична енергија за македонските потрошувачи е зголемен за 60,02% во однос на периодот од 2003 до 2006 година“, вели тој. Според него, во 2013 година ЕЛЕМ има катастрофално ниско производство, особено во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, иако овие две термоцентрали беа модернизирани и реконструирани. „Ќе цитирам дел од експозето на Никола Груевски од 2008-ма година: „За намалување на енергетската зависност на Македонија и зголемување на производството на електрична енергија ќе следат интезивни вложувања во нови енергетски објекти“. Каде се тие нови енергетски објекти? Енергетски капацитети нема. Македонија е зависник од увоз на струја. Неинвестирањето во капитални енергенски објекти и либерализацијата на пазарот на електрична енергија ја зголемува потребата од увозот на електрична енергија. Дополнително се трошат милиони евра на барокни фасади на ЕЛЕМ и МЕПСО. Последниве две години се регистрирани превработувања во овие енергетски компании“, смета Манчевски. СДСМ верува дека поскапувањето можело да биде избегнато и потсетува дека во својата програма, наместо поскапување на струјата, ветува враќање на дневната евтина тарифа.
Слично

Поврзани вести