Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Стечајците со стаж над 15 години, да добиваат по 100 евра месечно!

СДСМ: Стечајците со стаж над 15 години, да добиваат по 100 евра месечно!
Предлог закон за материјално обезбедување на лицата кои останале без работа поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, беше доставен денеска до Собранието од страна на СДСМ. Со овој предлог се бара сите  стечајни работници кои имаат најмалку 15 години осигуран стаж и се постари од 50 години за жени, односно 53 години за мажи, да примаат месечен надоместок во висина од 30% од просечно исплатената нето плата по работник во годината што изминала, или околу 6000 денари.

Како што соопштија од СДСМ овој закон е поднесен  во име и на барање на сите оние кој во изминатите 15, 20, 25 или 30 години работеле во македонски компании  и ја граделе оваа држава и институции.

Според оваа пратеничка група, со носењето  на ваков закон државата треба да докаже дека навистина е социјална и дека обезбедува социјална правда  и сигурност за своите граѓани. Од партијата исто така побараа Владата парите наместо за реклами да ги употреби за решавање на проблемот на стечајците.
Слично

Поврзани вести