Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Ставрески кажува се и сешто, ама не и колку милиони се задолжил

СДСМ: Ставрески кажува се и сешто, ама не и колку милиони се задолжил
„Во врска со денешната изјава на министерот за финансии, Зоран Ставревски, можеме да заклучиме дека и понатаму министерот за финансии зборува сѐ и сешто, само не она што граѓаните го бараат од него. Веќе цела недела министерот и премиерот одбиваат да им кажат на граѓаните колку милиони евра граѓаните ќе треба да вратат долг кон странство во 2014-та,  2015-та во 2016 година  и тн.“ стои во реакцијата на СДСМ во врска со изјавата на министерот за финансии, Зоран Ставревски. Како што претходно објави Фактор, Ставрески на денешното продолжените на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, обвини дека половина од парите коишто треба да се вратат во следните 4 години биле земени за време на премиерувањето на Бранко Црвенкоски, Владо Бучковски и Хари Костов. Тој исто така ја обвини СДСМ дека и покрај нивното задолжување додека биле на власт, не направиле ништо за развој на економијата во земјава.
Слично

Поврзани вести