СДСМ: Ставрески го крие јавниот долг
Од опозициската СДСМ преку соопштение до медиумите тврдат дека вицепремиерот Зоран Ставрески го крие јавниот долг.
„Човекот којшто е главен реализатор на шемите на Груевски „трошиме за чоколадо а немаме за леб“, Ставрески, не го почитува Законот за јавниот долг, што самиот си го побара а му го изгласа владејачкото мнозинство.
По скратена постапка, кога опозициските пратеници не учествуваа во работата на Собранието, власта самата си изгласа промена на Законот за јавен долг.
Целта беше нереално да се прикаже вистинската сума на јавниот долг“, велат од оваа партија.
Согласно истиот овој закон Ставрески имаше обврска да објави колкав е државниот и јавниот долг на 30 октомври 2015 година, односно вчера.
„Како што може да се увери целата јавност, рокот измина. Ставрески го прекши законот, долгот не е објавен.
Ставрески очигледно повторно го крие долгот од јавноста“, изјавија од СДСМ.

Слично