Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ стартува со 50, ВМРО-ДПМНЕ со 44 милиони денари за кампања од државниот буџет

СДСМ стартува со 50, ВМРО-ДПМНЕ со 44 милиони денари за кампања од државниот буџет

Годинава политичките партии ќе потрошот иста сума како лани од државниот буџет, или околу 3,5 милиони евра, а сумите веќе им се префрлени од Министерството за правда. Овие пари ќе се трошат за кампања пред локалните избори во октомври.

СДСМ годинава е прв по добиената сума од државата и таа изнесува 813.000 евра, додека ВМРО-ДПМНЕ е втор со 716.000 евра. Точните суми се 49.956.552 и 44.039.448 кои биле трансферирани во текот на јули. 

Минатата година СДСМ доби околу 47 милиони денари, сума која беше двократно исплатена, додека ВМРО-ДПМНЕ беше добитник на околу 41 милиони денари. Тоа значи дека годинава сумите за двете најголеми политички партии во Македонија се зголемени значително и еднократно исплатени

ДУИ годинава добива 318 илјади евра, поточно 19.561.465 денари, или речиси точно милион и пол денари повеќе од добиените во 2020. На четвртотот место е коалицијата Алијанса и Алтернатива со 182.000 евра. Понатаму следуваат Беса со 177.000. По околу 100.000 евра добиваат Демократска партија на Турците, ДПА и ГРОМ. Помеѓу 4 и 5 милиони денари исплата имаат Сојуз на Ромите, Единствена Македонија и Левица.

Партиите кои имаат аналитички центри за истражување ја добија истата сума како и лани. ВМРО-ДПМНЕ доби за тоа дополнителни 5,6 милиони денари, а СДСМ „наплати“ 5,3 милиони. Такви центри уште имаат и ДУИ со 4,6 и Беса со 4,4 милиони денари дополнителна исплата.

Минатата година, поради ковид-кризата, наместо 0,15 проценти од буџетот, со измените на Законот за финансирање на политичките партии, што беше усвоен од Владата, се намали финансирањето на политичките партии од националниот буџет за 30 отсто во наредните години.

Така, во 2019, според податоците од Министерството за правда, беа исплатени 304 милиони денари, или дури 5 милиони евра, од кои 72,6 милиони денари за СДСМ, 63 за ВМРРО-ДПМНЕ, 27,1 за ДУИ, итн. Во 2018 вкупните средства беа 281 милион денари со слична распределба во структурата.

Постојниот модел за финансирање на политичките партии беше договорен во 2018 за финансирање на изборните кампањи, а дополнително од буџетот се издвојуваат и пари за годишно финансирање на партиско-истражувачки аналитички центри кои во моментов ги имаат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.

А.К.


Слично

Поврзани вести