Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Состојбата со РЕК Битола е алармантна!

СДСМ: Состојбата со РЕК Битола е алармантна!
„СДСМ веќе подолг период предупредува дека состојбите во нашиот најголем електроенергетски комбинат РЕК Битола се алармантни и крајно неповолни. Главниот транспортен систем кој премиерот Груевски помпезно го пушти во работа минатото лето, никако да проработи. Едноставно, инвестицијата од над 20 милиони евра нема ни остварување од 10 проценти на работниот план во изминатите седум месеци“, вели Миле Јончевски од Општинската организација на СДСМ од Битола. Тој посочи дека резервите на јаглен се на многу ниско ниво и според него, само благодарение на поволните климатски прилики сеуште е запазен процесот на производство на термоелектраната. „Повторно се чести испадите на поединечните блокови на термоелектраната и покрај скапите инвестиции во нивната модернизација. Само во последните 10 дена се случија два испади од електроенергетскиот систем. Несоодветните партиски вработувања веќе подолг период се правило, а не исклучок, со што на комбинатот му се нанесува огромна штета“, вели Јончевски, за кого кулминација претставува вчерашното суспендирање на директорот и техничкиот директор на работната единица Рудници.
Слично

Поврзани вести