Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ социјалците ќе ги ослободува од радиодифузна такса, за ВМРО ДПМНЕ опозицијата нема кредибилитет за вакви ветувања

СДСМ социјалците ќе ги ослободува од радиодифузна такса, за ВМРО ДПМНЕ опозицијата нема кредибилитет за вакви ветувања
Ослободување на корисниците на социјална помош од плаќањето за радиодифузна такса, намален месечен надомест за дете во градинка за семејствата со пониски приходи и проширување на чекорите за справување со енергетска сиромаштија - ова се трите нови мерки кои ги презентираше опозициската СДСМ денеска од нивната програма. „Ќе воведеме прогресивност во плаќањето на клучните јавни услуги. На пример, месечниот надомест за одење на дете во градинка. За семејствата со мали месечни приходи ќе се воведе економска стипендија, која ќе значи ослободување на дел, а кај најсиромашните граѓани и до 90 отсто од плаќањето на месечната рата за детето во градинка“, вели Мила Царовска, претедателката на советот за социјална политика на СДСМ. Со мерката за справување со енергетска сиромаштија ќе се опфатат поголем број групи граѓани, а не само социјално загрозените лица, најавуваат од опозициската партија. СДСМ нема кредибилитет да зборува за правата и за помошта на социјално загрозените категории на граѓани, поради тоа што токму СДСМ е партијата која што ги создаде и стечајците и социјалците и невработените во Република Македонија, реагираат од владеачката ВМРО ДПМНЕ. „Кај македонските граѓани СДСМ ќе остане запаметена и обележана како партија која што никогаш искрено не се грижеше ниту за социјалците, ниту за стечајците, ниту за пензионерите, туку напротив се грижеше и водеше сметка само за своите олигарси. Секогаш говорите им се полни со ветувања, но никогаш кога се на власт ништо не реализирале од своите ветувања“, се вели во реакцијата, во која се потсетува на мерките кои ги презема актуелната Влада за подобрување на положбата на социјално ранливите категории граѓани.
Слично

Поврзани вести