Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со реакција за новата барокна зграда на НБРМ

СДСМ со реакција за новата барокна зграда на НБРМ

Откако дел од медумите објавија дека и Народната банка ќе се „преоблече“ во Барок стил од опозициската партија денеска реагираат упатувајќи дека барокното лудило продолжува и Гувернерот Богов го помага барокот на Груевски со милиони земени од граѓаните.

„Со над 35-те милиони евра за барокната зграда на НБРМ можат да се отворат 7 фабрики во вредност од по 5 милиони евра и да се обезбедат најмалку 7.000 работни места.

Но на Народна банка и дојде до луксузна барокна зграда тешка над 35 милиони евра додека:

-Секој нов ден носи нови 3 милиони евра долг на граѓаните

-Јавнииот долг достигна историски над 4 милијарди евра

-Секое бебе во Македонија се раѓа со долг од 2.000 евра, поради ваквите нелогични и расипани политики“, реагираат од СДСМ.

Распишаниот оглас за јавната набавка на НБРМ е нов, од 2016 година, велат од партијата на Заев, посочувајќи дека власта е  заинтересирана само за тендери и пред заминување гледа да зграби што може од граѓаните.

Имено, Новата административна зграда на Народната банка ќе се гради на местото на сегашниот парк до Министерството за надворешни работи.

Новата содржина од владиниот проект „Скопје 2014“ ќе се гради врз основа на идејното решение на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов. Основниот проект за новата тура „барок“ во центарот на Скопје ја изготви проектантската фирма „ЛОУ ТЕК“, пишува Билд.

Централната банка објави тендер вреден над 1,8 милијарди денари без вклучен ДДВ, со кој ќе се издигне уште еден „барокен“ објект, со што треба целосно да се покрие погледот кон објектот на Македонската опера и бал

Слично

Поврзани вести