Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со предлог да се укине личното обезбедување на Груевски

СДСМ со предлог да се укине личното обезбедување на Груевски

Од опозициската партија предложија законски измени во правото на лично обезбедување на екс премиерот Никола Груевски.

Како што го образложија предлогот oд партијата на Заев велат дека немало потреба да се  трошат пари за лично обезбедување на поранешниот премиер и дека за такво нешто имало надлежни органи на МВР, истакнувајќи дека со измените на Законот ќе се заштеделе повеќе средства од Буџетот.

„Го поднесуваме ова  барање за измена на законот со цел да се тргне зголеменото обезбедување на поранешните премиери затоа што оваа држава има стручни служби кои проценуваат каков е ризикот на поранешните функционери, вклучително и Премиерот. Со измените на законот ќе се заштедат огромни средства од Буџетот што се трошат на 24 часовно обезбдување на Груевски“, изјави пратеникот Васко  Ковачевски од СДСМ.

Од владеачката партија пак велат дека е оправдано екс  функционери да имаат 24 часовно обезбедување во времетраење колку што биле на функција, напоменувајќи дека во Макеоднија имало два обиди за атентати на поранешни претседатели кои се уште не се расветлени. Тие предлогот на СДСМ го окарактеризираа како неиздржан предлог пред избори.

Според моменталниот Закон, Премиерот на кој му завршила функцијата има право на лично обезбедување од шест лица вработени во единицата за обезбедување  лица и објекти во МВР, како и право на користење службено возило и возач и тоа право го остварува во период ист со периодот на времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата што значи дека Груевскисогласно овој закон, ова право може да го користи 10 години.

Ова е системски Закон и треба да биде донесен со дво третинско мнозинство.

Слично

Поврзани вести