Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со осуда за инцидентот во Липково

СДСМ со осуда за инцидентот во Липково

Портпаролот на МВР, Иво Котевски во изјава за јавноста денеска истакна, дека во два ипол часот по полноќ во селото Гошинце, општина Липково бил извршен државен терористички напад.

Според официјалните информации кои ги објави оваа институција лицата кои ја завземале полициската станица во Гошинце, Липковско носеле ознаки УЧК, а во станицата влегле околу 2 часот утринава, при што разоружале затекнатите полицијаци, го собрале целото оружје, а потоа ги пуштиле на слобода затекнатите полицајци и им рекле да пренесат порака на надлежните.

Од опозицијата денеска излегоа со став за осуда за наводниот терористички напад.

„СДСМ најостро го осудува инцидентот во липковскиот регион.

Социјалдемократскиот сојуз посочува дека нерасветлувањето на инцидентите од безбедносен карактер за коишто информира власта последниов период отвора можност за различни шпекулации и тензии.

Сериозно се сомневаме во капацитетите на институциите кои се партиски испостави на власта.

СДСМ ги повикува граѓаните на воздржаност и да не подлегнуваат на какви било режирани сценарија“, стои во официјалната реакција на опозицијата.

Дел од медиумите пренесуваат дека попладнево во липковскиот регион било мирно.

Слично

Поврзани вести