СДСМ со обвинувања кон АД ЕЛЕМ: Сметките се пораснати за 80% поради бизнис интересите на електродистрибутерот
Од опозициската СДСМ денеска на прес конференција обвинуваат дека дистрибутивната мрежа за електрична енергија колабирала од еден снег, поради бизнис интересите на електродистрибутерот, државната компанија МЕПСО, за барок, туризам и реклами.
Според опозицијата од 2006 година до денес домашното производство на електрична енергија се намалило за цели 30 проценти!
„Посебно аларамантно е намаленото производство на АД ЕЛЕМ од терменергетските капацитети ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј, само во последните три години. Ако за 21 години, од `90 до 2011 година производството се одржувало, само од 2011 до 2014 производството на електрична енергија до термоелектраните во Македонија е намалено за 27 проценти, потенцира Атанаско Тунески од СДСМ.
Тоа се 100 милиони евра помалку приходи во државната компанија ЕЛЕМ, реагира опозицијата потенцирајќи дека намаленото производството од термоенергетските капацитети, од друга страна, ја зголемува потрошувачката на мазут, којашто од 2008 до 2013 година е зголемена за неверојатни 140 проценти.
