СДСМ: Со новите давачки Владата удри по малите компании!
Државната каса е празна, а се полни со нови давачки, обвинува опозицискиот СДСМ. „Затоа сега даночни обврзници ќе бидат и малите дуќанчиња, за храна, текстил, берберници, автоперални, вулканизери. Тие што едвај успеваат да се одржат во живот и да обезбедат една до две плати“, вели Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ од Битола.
Според него, со овие измени власта ќе зема од егзистенцијата на најчувствителната категорија стопански субјекти, малите фирми, фирми – човек, односно од онаму каде што не станува збор за профити, туку за преживување.
„Каде во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ стои дека власта на Груевски ќе спроведе вакво решение и ќе воведува данок и за малите фирми? Како, со ваквиот закон, малите и микро претпријатија ќе бидат во можност да опстанат, а не, пак, да размислуваат за проширување на своите дејности и отворање нови работни места?“, праша Ковачевски.
Тој нагласи дека оваа давачка е само една во низата зголемени давачки кои во изминатиот период удрија по џебот на граѓаните.
Слично
