Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со нова бомба денеска

СДСМ со нова бомба денеска

Во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, опозициската СДСМ според најавите денеска ќе ја објави 33 по ред таканаречена „бомба“.

На својот фејсбук профил , Петре Шилегов, бомбата ја најави пишувајќи „Послушајте патриоти... #33“ .

Терминот најверојатно ќе биде како и досега 14 или 14:30ч.

Се претпоставува дека денешните аудио разговори ќе се однесуваат на наводни заговарања за промена на името.

Како што информиравме , опозицијата за утре го најавува најголемиот национален – над етнички, надпартиски и граѓански протест во Република Македонија.

“Нема повеќе место за Груевски во политичкиот живот во земјата”, рече уште Зоран Заев. Тој ја повика владејачката партија да не одржува митинг во понеделник – на 18 мај. “Против кого ќе протестира. Против опозицијата ли ќе протестира?”, праша Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести