Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со најава на нови мерки за вработување

СДСМ со најава на нови мерки за вработување
СДСМ промовираше две нови мерки од својата програма со кои велат  ќе се овозможи отворање на нови работни места, раст и раздвижување на економијата. Првата мерка се однесува на заем за Франшиза во висина од 15.000 до 50.000 евра. -          Претприемачите кои сакаат во нашата земја да доведат некој познат бренд, , преку склучување на договор за преземање на сите права и обврски за користење на брендот, производите, системот на работа, правилата и процедурите (франшиза) ќе можат да конкурираат за заем во висина од 15.000 до 50.000 евра, вели Александар Кирацовски потпретседател на СДСМ. За оваа мерка од партијатапредвидуваат 1% каматна стапка, 1 година грејс период и 48 месеци рок на отплата како услов. Втората мерка се однесува на заем за мешовити инвестиции, помеѓу домашни и странски партнери во висина од 15.000 до 50.000 евра -          Секој граѓанин на Република Македонија, кој сака да отвори нов бизнис, а за истиот ќе привлече странски партнер, кој би вложил барем 30% од вкупната инвестиција, ќе може да конкурира за овој заем. И за оваа мерка важат истите услови како и за претходната, вели Кирацовски. Заемот за двете мерки, според партијата ќе биде овозможен преку Македонската банка за поддршка на развојот.На тој начин компаниите ќе имаат финансиска поддршка, но истовремено и странски искуства, интернационална мрежа на делување и можност за ефективно учество на странски пазари, велат од СДСМ. Од ВМРО – ДПМНЕ како реакција на прес конференсцијат на која беа објавени мерките, велат дека СДСМ ниту некогаш имале програма, ниту пак имаат прецизни мерки, обвинувајки дека опозцијата води политика по список на желби.
Слично

Поврзани вести