Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Со кои пари Груевски ги купил парцелите на Водно?

СДСМ: Со кои пари Груевски ги купил парцелите на Водно?

Опозицијата денеска преку портпаролот Петре Шилегов од парцелите како што истакнуваат на Премиерот Груевски во илјадници метри квадратни, во денешна вредност од над 5.000.000 евра побараа од Премиерот да не се крие зад соопштениетово коешто се правда дека имотот на негово име бил пријавен во Анкетниот лист туку да им објасни на граѓаните:

-Зошто од позиција на премиер, хистерично да се интересира за сопственост на оф шор фирми од Белизе и Лугано? -Што го интересирало Груевски каков и колкав простор ќе добијат овие фирми, па за тоа секојдневно го напнува Јанакиески? -Како може управители во овие фирми да бидат луѓе блиски до Никола Груевски: неговиот кум, кој сеуште се наоѓа на високи актуелни јавни позиции, или на пример бизнис партнер на неговата фамилијата? -Со кои и какви пари биле купени овие парцели?

Шилегов истакна дека идната Влада на СДСМ ќе направи законски измени, сите оф шор компании да бидат обврзани да ги соопштат вистинските сопственици. На сите оф шор компании ќе им биде даден рок за достава на целокупниот историјат на овие фирми. Ништо не го спречува Никола Груевски, уште денеска да предложи ваков закон, со којшто која било оф шор фирма во Македонија што ќе купи педа земја во Македонија ќе мора да ги пријави своите сопственици.

Слично

Поврзани вести