Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со државна помош ќе им помага на малите и средните претпријатија

СДСМ со државна помош ќе им помага на малите и средните претпријатија

Со цел да се победи нееднаквоста во општеството и да се врати средата класа, опозицијата најавува државна помош за мали и средни претпријатија во износ од 20  милиони евра за почеток.

Од оваа партија укажуваат на инвестиции во енергетскиот сектор, патна инфраструктура и земјоделски развој.

„Решени сме да го подигнеме третиот столб во Визијата за Македонија: РАЗВОЈ НА ДОМАШНИТЕ КАПАЦИТЕТИ И ПРИСТОЈНА РАБОТА. Тој обезбедува нов модел на економски развој во чијшто центар се домашните претпријатија и инвестициите во образованието, здравството и крупните инфраструктурни проекти. За да создаде можности за вработување на младите и хумани услови за работа.

Ние сметаме дека странските инвестиции се дополнување на домашните, а не нивна замена. Затоа, целиме кон нови странски инвестиции со грижа за постојните, но основата на економијата во Македонија ќе бидат домашните претпријатија.

Со цел да обезбедиме транспарентност за странските инвестиции ќе ги објавиме договорите за сите постоечки и идни инвестиции во ТИРЗ-овите“, изјави денеска Драган Тевдовски,претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

Еве ја програмата и целта со која планираат развој на малите и средните претпријатија:

  1. Годишната државна поддршка за малите и средните претпријатија е во износ од 20 милиона евра во првата година (100 пати повеќе од просекот за време на актуелната власт). Планот е поддршката да достигне 50 милиони евра во последната година од мандатот. Овие средства се дополнети со надворешни кредитни линии, како на пример од ЕИБ.
  2. Докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот со цел поголема кредитна поддршка и способност за реализација на гарантна шема.
  3. Основање инвестициски фонд за вложување во старт ап и МСП со малцинско учество на државата, а повеќе од 51% да биде во сопственост на заинтересирани приватни субјекти.
  4. Креирање старт ап центри во сите поголеми општини, во кои државата ќе обезбеди деловен простор за повеќе старт ап компании заедно со инфраструктура и заеднички служби (оддржување, архива, сметководство и сл.) коишто ќе бидат бесплатни за учесниците во центарот.
  5. Можност за основање посебен вид трговско друштво со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Овие трговски друштва ќе имаат  определена ознака и ќе бидат видно одделени од останатите фирми за коишто ќе остане да важи сегашната регулатива. Секој што ке соработува со ваков тип на субјект ќе знае дека основачкиот капитал е 1 евро.

Од СДСМ уште велат дека ќе ги запраат огромните задолжувања на граѓаните со огромни извршителски трошоци и плафонските затезни камати.

 

Слично

Поврзани вести