СДСМ со документ тврди дека Груевски стои зад ревизијата на Охридскиот рамковен договор
Од опозициската СДСМ денеска во јавноста проследија документ со кој тврдат дека премиерот Никола Груевски стои зад ревизијата на Охридскиот рамковен договор.
Тие велат дека тоа е документ од Владата, анализа на Охридскиот рамковен договор за кој владиниот секретар побарал да биде тема на работните групи на четирите политички партии.
Од партијата на Заев го прашаа премиерот која е неговата цел со тие документи Рамковниот договор и на кој му ветил нешто.
„Тоа е овој документ со архивски печат од Владата што веќе го објавивме, склучен уште пред 4 месеци, во јули помеѓу Владата и Европскиот институт за мир. Сепак прашањето со коешто си поигрува Груевски воопшто не е наивно.Груевски е должен да излезе и да објасни што прави зад грбот на граѓаните на Република Македонија“, соопштија од СДСМ.

