Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Скандал со безбедноста на храната, со месеци граѓаните не знаеле што јаделе

СДСМ: Скандал со безбедноста на храната, со месеци граѓаните не знаеле што јаделе

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, тврди дека од  2 мај до 17 септември 2015 година, Агенцијата за храна и ветеринарство немала сознанија за безбедноста на храната.

Тој денеска преку нови документи вели дека Агенцијата за Храна и Ветринарство спротивно на законот за безбедност на храната не ги спроведувала  Програмата за мониторинг на безбедност на храната, Наредбата за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животните или од производите од животинско потекло како и Годишната наредбата за здравствена заштита на животните во 2015 год.

Николовски вели дека скандалозните пропусти се направени поради немањето договор во овие пет месеци со Факултетот за Ветеринарна медицина, Институтиот за јавно здравје како и Државната фитосанитарна лабораторија.

Од опозицијата велат дека во погоренаведениот период  не се правеле микробиолошки испитувања , не се испитувало присуство на тешки метали и нитрати во одредени видови прехрамбени производи, остатоци од пестициди во храната, како и можно присуство на ГМО храна. Штетни материи и супстанци, чии последици по вашето здравје ќе ги осетите после неколку месеци или години од нивното конзумирање.

Слично

Поврзани вести