СДСМ: Шекеринска е во добра здравствена состојба по утринската сообраќајна незгода
Матичната партија на заменик претседателката на СДСМ соопшти дека Шекеринска е во добра здравствена состојба и поминала без повреди по утринската сообраќајна незгода која се случи кај населеното место Мрзенци (Гевгелија).
Имено, до незгодата дошло кога возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители.
Во незгодата е повредена една жена Т.Б. (27) од Гевгелија која имала неколку повреди, но по прегледот во гевгелиската болница таа е во добра состојба и ќе биде задржана 24 часа таму.
Полицијата извести дека девојката од Гевгелија се враќала од работа. Во еден момент изгубила контрола врз возилото, удрила во пластичната заштитна ограда крај магистралата, а потоа во џипот на скопјаните.
Слично
