СДСМ: Се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните
Зголемувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните во Македонија претставува сериозен проблем, констатира опозициската партија СДСМ. Според пресметките на партијата, земјава има најнефер распределба на доходот во Европа.
„Фер распределба на доходот во нашето општество не може да се обезбеди со програми во 100 чекори, надградени и проширени, се додека постојат механизмите кои ја создаваат нееднаквоста. Се додека постојат неолиберазлизмот и популизмот вакви програми ќе бидат само една фина маска во зголемувањето на неправедноста во распределбата на доходот во општеството“, вели Драган Тевдовски, претседател на Комсијата за економија на СДСМ.
За да се надмине ваквата состојба, социјалдемократите предлагаат пет столба:
Првиот столб треба да ја врати демократијата во земјата и да обезбеди владеење на правото.
Вториот столб треба да обезбеди одговорност на јавните трошења преку многу поголема транспарентност, а приоритет во развојот на земјата да им даде на растот на платите, на малите и средните претпријатија (МСП) и на долгорочните вложувања, со што ќе се сруши системот на популизам и политичка патронажа.
Третиот столб треба го демонтира неолиберализмот и да го замени со социјално праведна држава.
Четвртиот столб се однесува на меѓуетничките односи и значи замена на етничката тензија во општеството со нова помеѓу класите.
Петтиот столб треба да ја обезбеди надворешно политичката – безбедност и економска иднина на земјава преку членството во НАТО и ЕУ, појаснува Тевдовски.
Слично
