Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ се приклучи кон донациската акција за плаќање на казните на демонстрантите

СДСМ се приклучи кон донациската акција за плаќање на казните на демонстрантите

По повод казните кои треба да ги платат демонстрантите од шарената револуција кои се товарат за боење на споменици и учество во толпа денеска се организра донаторска акција .

Кон акцијата се приклучија бројни граѓани, а средства донираа и опозиционерските функционери.

„Денеска и ние се приклучивме на оваа солидарна акција којашто ја организираат граѓаните“, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Таа при донацијата изјави дека сите оние кои  излегоа на улиците во Скопје и ширум земјава не се надвор за да ги чуваат само своите права.

!Тие водат битка за сите нас. Сега е моментот кога треба да покажеме дека сме тука да им помогнеме.

Денес во Македонија се оди во затвор ако украдете 100 ќебапчиња, а не се оди во затвор ако ја покрадете цела држава, како што власта тоа го прави.

Денес во Македонија оние коишто вршеле тортура, краделе избори, малтретирале луѓе, институции и фирми седат на слобода, а власта им се заканува на луѓето коишто со боја, а не со камења го изразија својот гнев“, посочи таа.

Тука сме за да покажеме дека оваа Македонија ќе биде подобро место ако сите сме солидарни кон оние  што помагаат, заклучи Шекеринска.

Во Скопје денеска нема да се одржи протест,но  ќе се протестира во Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и Прилеп.

Слично

Поврзани вести