СДСМ се повлекува од преговорите, договорот паѓа во вода!
Пред неколку минути генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пред Клубот на пратеници изјави дека со денешната одлука на Советот на јавни обвинители денеска е прекршен Договорот од Пржино и Законот за специјалното јавно обвинителство.
Опозицијата се повлекува од преговорите соопштија од СДСМ .
– Ние сега се повлекуваме од преговорите на консултации во партијата. За нас Договорот од Пржино не е повеќе активен. За сите следни чекори кои ќе ги преземеме понатаму, ќе бидете информирани – изјави Спасовски.
За изборниот закон Спасовски рече дека тоа е сега ирелевантно и дека тие нема да дозволат да потпишат уште еден договор кој ќе биде палома хартија.
Слично
