Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА МЕРКИТЕ ДЕЛУВААТ: Инфлацијата падна на 6.6 отсто

СДСМ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА МЕРКИТЕ ДЕЛУВААТ: Инфлацијата падна на 6.6 отсто

Власта се пофали дека инфлацијата во државата се намалила. Инфлацијата има тренд на опаѓање 11 последователни месеци. Од СДСМ велат дека тој тренд ќе продолжи до крајот на годината.

Стапката на инфлација е намалена од 19.8 отсто во октомври лани на 6.6  отсто септември годинава. Од партијата додаваат дека ова е најниската стапка на инфлација во последните 20 месеци.

Објаснуваат дека и Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација и очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година.

Според Светска банка, најголем раст од 4,8 проценти ќе има Црна Гора по што следи Албанија со 3,6, Косово со 3,2, Босна и Херцеговина со 2,2, Србија со 2. Прогнозите за Македонија за економскиот раст се 1,8 проценти, а во 2024 година се очекува раст од 2,5, додека за  2025 година е прогнозиран раст од 2,9 проценти.

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести