Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ сака дијалог за петте барања на опозицијата

СДСМ сака дијалог за петте барања на опозицијата
По Илиненските пораки од премиерот Никола Груевски, опозицијата повикува на дијалог за петте барања што ги доставија за враќање во Собранието. „Господине Груевски Вие сте на потег. Доколку се искрени и позитивни вашите намери за државата и нејзините граѓани, ќе седнете и ќе разговарате за петте барања на опозицијата. Само на тој начин, во текот на разговорите, ќе се уверите дека барањата на опозицијата се разумни и во интерес на Република Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на Никола Груевски. Во изјава за „Утрински весник“, лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека „прв чекор кон подобрување на односите е закажување средба. На неа би се изложиле аргументите на двете страни, па ќе се утврди дали и кои барања на СДСМ за враќање во парламентот се (не)разумни и зошто“. Во вчерашното обраќање од Пелинце, Груевски ја повика опозицијата на дијалог. „Ајде да седнеме и да разговараме отворено и директно како понатаму, поставете разумни барања, јас ветувам дека ние како гарнитура сме подготвени да ги прифатиме“, порача Груевски.
Слично

Поврзани вести