Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ сака да враќа пари на граѓаните, од Влада велат: ќе го испразните буџетот!

СДСМ сака да враќа пари на граѓаните, од Влада велат: ќе го испразните буџетот!
СДСМ ја презентираше првата мерка од новата програма за враќање пари од ДДВ директно на граѓаните. Од Владата велат-тоа е невозможно. СДСМ најави дека ќе ја враќа средната класа во Македонија, претседателот Зоран Заев го презентираше првиот проект од новата опозициска програма за поврат на ДДВ на секој граѓанин. Со оваа мерка наречена „Проект за повраток на ДДВ на секој граѓанин“опозицијата предлага секој краен потрошувач да добива назад по 15 проценти од ДДВ-то. Вака, вели опозицискит лидер, назад ќе бидат вратени 8 милијарди денари годишно, односно од 20 и 30 илјади денари годишно по семејство кое поседува фискални сметки. „Со можноста за поврат на 15 проценти од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки. Всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“. Преку тоа, ќе се избегне криењето на вистинскиот промет и плаќање данок и сериозно ќе се намали таканаречената „даночна евазија“ која сега, според последните податоци на УЈП изнесува 35 проценти, а деновиве беше објавено дека непријавувањето данок изнесува дури 60 проценти“, изјави Заев за време на презентацијата на мерката. Лидерот на СДСМ најави дека откако ќе ги слушнат предлозите, сугестиите и критиките од граѓаните кон средината на декември ќе го заокружат конечниот текст и содржина на партиската програма. Неаргументиран, паушален и неодржлив, направен без доволно анализа и проценка, вака предлогот го оцени вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски кој потсети дека Владата изврши намалување на даноците, на персоналниот данок од доход и на данокот на добивка на 10 проценти. Мерката ќе го испразни буџетот, вели вицепремиерот, а граѓаните нема да земат ниту денар. Тој истакна дека дури 60 проценти од приходите кои се собираат по основ на ДДВ доаѓаат од субјектите се големи компании , што значи од старт се исклучуваат од оваа мерка.  90 отсто од субјектите каде граѓанинот е краен потрошувач не се обврзници по основ на ДДВ, додава вицепремиерот и смета дека мерката е тотално неприменлива. „И хипотетички ако се спроведе оваа мерка на Заев не само што граѓаните нема да добијат средства по основ на оваа мерка туку ќе нема средства ниту за пензионерите, ниту за социјалната помош, ниту за платите, ниту за болници, за училишта, за војската, за полицијата, и за други суштински потреби и затоа оваа мерка за нас е неприфатлива“, вели Пешевски.
Слично

Поврзани вести