Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: РКЕ го промени правилникот и граѓаните цела недела ќе плаќаат поскапи горива

СДСМ: РКЕ го промени правилникот и граѓаните цела недела ќе плаќаат поскапи горива

СДСМ денес реагира дека Регулаторната комисија за енергетика го сменила правилникот со што наместо на дневно ниво, промената на максималната цена на горивата во малопродажба ќе се врши еднаш неделно. Со тоа, како што велат од опозициската партија, граѓаните цела недела ќе плаѓаат поскапи горива иако следува намалување на цената на нафтата по краткиот ценовен шок.

Да важеше стариот начин на пресметка, денес РКЕ ќе ја намалеше цената на горивата и веќе од утре граѓаните ќе купуваа поевтин дизел и бензин, велат од таму. Ова им одговара на властите, сметаат тие, бидејќи ќе се добијат повеќе пари од акциза и данок.

- Регулаторната комисија за енергетика во ек на нафтена криза го смени начинот на одредување на цените на горивата во Македонија и наместо секој ден во зависност од движењето на цената на нафтата на светските берзи, го утврди еднаш недело, на 7 дена. Резултатот е огромни колони на бензинските пумпи и профит врз грбот на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Денес цената на нафтата на берзите се движи од 84 до 86 долари за барел и е поевтина во споредба со цената од 96 евра во петокот, кој го направи високиот просек за вчерашното поскапување од 20% на цената на дизелот. 

Вака, поради избрзани и штетни одлуки на РКЕ, граѓаните цела недела ќе плаќаат поскапи деривати, околу 3 милиони евра повеќе за само 7 дена, гласи реакцијата на СДСМ.



Слично

Поврзани вести