Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: РЕК Битола е пред колапс!

СДСМ: РЕК Битола е пред колапс!

Од опозициската СДСМ денеска обвинија дека дефектите во РЕК Битола не престануваат и покрај модернизацијата, што чинеше 50 милиони евра.

-Вториот блок во РЕК Битола не работи поради дефект и хаварија со цевките, а само пред 10-тина дена блок 1 на енергетскиот комбинат не работеше. Само пред нецели две години наводно се модернизираше котелот во блок 2 и беа променети цевките за што платија граѓаните. Власта потроши над 50 милиони евра пари на граѓаните за модернизација на целиот комбинат. Но дефектите не престануваат, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од партијата укажуваат дека секој дефект значи прекин на работа на некој од блоковите, загрозено домашното производство на електрична енергија и увоз на скапа струја.

Слично

Поврзани вести