Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

Од СДСМ денеска РЕК Битола не работи и не произведува струја, односно дека ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа.

„Не сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи.

ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор.  Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа.

Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја“, соопштија од СДСМ.

Според партијата, ова се прави за да се задоволат нечии бизнис зделки. 

„Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи“,додаваат од таму.


Слично

Поврзани вести