СДСМ: Редиците за „Појадок на мост“ се доказ за гладен народ
Огромниот број граѓани кои од утрово чекаат ред за бесплатен билет за манифестацијата „Појадок на мост“ покажува колку гладни и сиромашни се граѓаните на Скопје, сметаат од СДСМ.
„Коце Трајановски и Никола Груевски треба да се замислат до каде ги доведоа своите сограѓани. Овие редици на гладни граѓани во Скопје се случуваат во услови кога градоначалникот Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат со астрономски износи од 18 милиони евра за Панорамско тркало и 10 милиони евра за луксузна зграда на ЈП Водовод“, се вели во писмената реакција СДСМ.
Според опозициската партија, тоа се прави со задолжувања за кои ќе треба да платат следните генерации.
„Затоа денеска ќе го прашаме Коце Трајановски за логиката на ова безобразно поигрување со потребите на граѓаните. Или можеби тоа е логиката за задоволување на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ пред основните потреби на скопјани? Наместо со раскош и луксуз Трајановски треба да се зафати со решавање на егзистенционалните проблеми на граѓаните на Скопје. Само така градоначалникот Трајановски ќе покаже дека има искрена желба да се грижи за илјадниците граѓани на Скопје кои не можат да си дозволат ниту достоинствен појадок“, стои во соопштението.
Слично
