СДСМ реагира за задолжувањето и бара објаснување од Миноски
Од СДСМ велат дека техничкиот министер за финансии, Кирил Миноски мора да им објасни на граѓаните зошто денеска ги задолжи граѓаните на Република Македонија за 10.4 милиони евра повеќе од потребното.
Наведуваат дека ова се случува на неколку денови пред формирањето на новата Влада.
„Укажуваме дека следува период во којшто темелно ќе се преиспитаат сите нетранспарентни задолжувања направени на товар на граѓаните. За сите евентуални злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност“- велат од СДСМ.
Слично
