СДСМ реагира на обвинувањата на Ставревски
Во денешна дискусија во парламентот, министерот за финансии Ставрески, кажа многу работи околу тоа каква е задолженоста на РМ. Само за потсетување, министерот Ставрески е дел од Владата на премиерот Груевски, која две и пол години го криеше долгот на државата кон стопанствениците. Кога веќе немаше каде, премиерот го призна долгот, иако министерот Ставрески десет дена претходно рече дека не постои таков проблем. Министерот Ставрески е дел од Владата на премиерот Груевски, која и понатаму одбива да им каже на граѓаните на РМ колку стотици милиони евра ќе треба граѓаните да вратат кон странство, на пример во 2015 година. Министерот за финансии Ставрески е истиот оној министер којшто пред година дена излезе со проекција дека РМ во оваа 2012 година ќе има економски раст од 4,5 %. Во врска со ова, каков било коментар е сосема излишен.
Конечно, не е прашањето дали Македонија е денес како Грција, туку дали постојаното задолжување на Владата „за сите буџетски потреби“ води и на крајот завршува како грчкото сценарио.
Пред пет години никој не велеше дека ова ќе ја снајде Грција. Граѓаните на Македонија не можат да си го дозволат луксузот повторно, како и многу пати до сега, да дојдат во безизлезна ситуација за да уште еднаш заклучиме дека министерот Ставрески ја згрешил работата, велат од СДСМ.
Слично
