СДСМ реагира на најавите дека струјата ќе поскапи
Од 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, цената на струјата е зголемена за 70%, тврди опозицискиот СДСМ. Според партијата, во истиот тој период, производството на струја е намалено за над 7 отсто, а увозот е зголемен за 60 проценти.
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски бара од Регулаторната комисија за енергетика да преземе мерки со кои ќе го спречи или барем ќе го ублажи ценовниот шок што им го најавува на граѓаните по целосната либерализација на пазарот на електрична енергија.
„СДСМ нуди промени во креирањето на ценовната политика за електричната енергија и нов концепт во кој во преден план ќе ги има граѓаните. Меѓу овие мерки се евтината викенд тарифа, дополнителни два часа дневна евтина струја, како и субвенции за изградба на фотоволтаична електрана“, вели Манчевски.
Регулаторната комисија за енергетика вчера им најави на граѓаните дека, иако либерализацијата на струјата донесе пониски сметки за фирмите, за граѓаните истиот процес ќе значи поскапа електрична енергија.
Слично
